Димитар Ѓоргиев: Златото е повторно дома… Можеби сме мала држава, но имаме големо срце!

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓоргиев повторно го врати светското злато дома. По шест години, Ѓоргиев повторно се закити со светската шампионска круна во лоу-кик, која за него е четврта светска титула.

По освојувањето на златниот медал Ѓоргиев го потенцираше задоволството од својот настап на СП 2021 во Италија, нагласувајќи дека е горд и благодарен и на сите свои поддржувачи во кариерата.

„Златото е повторно дома… Сакам да се заблагодарам до сите луѓе што искрено се израдувавте на оваа наша победа!!! Благодарам до мојата фамилија, до мојата девојка која мора да ме трпи заедно си сите мои ангажмани, сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и ВАКО Македонија. Можеби сме мала држава но повторно докажавме дека имаме најголемо срце!“ – истакна Димитар Ѓоргиев по денешното освојување на златниот медал.

Се вчитува...