ФК Пелистер го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател.
По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола беше изборот на новиот претседател. По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е дадена на Димитар Митревски.
„Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал“ – информираат од ФК Пелистер.
Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Е. Работник и РК Е. Пелистер.
Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб.
Клубот наскоро ќе го официјализира и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
