Димитар Митровски на проба во Партизан

Младиот македонски фудбалер, Димитар Митровски е на проба во српски Партизан. 22-годишникот кој беше дел од У21 репрезентацијата минатиот циклус во моментов е без клуб и е на проба во српскиот тим.

Митровски беше дел од Спортинг Лисабон, а доколку тренерот на Партизан е задоволен од него може да биде потпишан во било кој период.

Кариерата Митровски ја почна во Работнички, а покрај Спортинг Лисабон во кариерата беше дел и од Ханза и Магдебург.

Се вчитува...