Димитар Митровски на проба во полски прволигаш

Димитар Митровски, 22-годишниот екс младински репрезентативец на Македонија, се наоѓа на проба во полскиот прволигаш Варта Познањ. Митровски беше на проба и во Партизан, но не се наметна и не успеа да потпише договор.

Митровски беше дел од младинските селекции на португалскиот гигант Спортинг Лисабон, а беше дел и од Ханза Рошток и Магдебург.

Тој има 11 настапи и шест гола за младинската селекција на Македонија.

Варта е член на најдобрата лига во Полска, и моментално е на 16. позиција од 18 клубови со 11 бодови.

Се вчитува...