Димитар Митровски промовиран во дресот на Академија Пандев (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски ја засилува Академија Пандев.

22-годишниот фудбалер од офанзивниот ред, претходно настапуваше за младинскиот тим на португалски Спортинг Лисабон.

Митровски, кој ги има минато сите младински репрезентативни селекции на Македонија, игра на позициите крило и офанзивен играч од средниот ред. Освен за Спортинг Лисабон, претходно има настапувано и за екипите на Ханза Рошток, Магдебург и Работнички.

Се вчитува...