Димитриевски: Барса играше без радост и страст, јасно е колку многу недостига Меси

Столе Димитриевски ја имаше улогата на херој на синоќешниот дуел со Барселона, на кој Рајо Валјекано славеше со 1-0 над големиот фаворит благодарение на одбранетиот пенал на македонскиот голман по обидот на Мемфис Депај.

Во изјавата по мечот, македонскиот репрезентативец не го криеше задоволството од триумфот, но и обелодени дека е голема разликата во таборот на Барселона по заминувањето на Лео Меси.

„Јасно е дека Барселона не играше на своето најдобро ниво, но она што е најважно е што ние одигравме одличен меч и што победивме. Она што веднаш падна во очи е колку фудалерите на Барса на теренот беа без радост, без страст за играта. Веднаш се гледа колку многу недостига играч како Лео Меси во оваа екипа“, изјави Димитриевски веднаш по натпреварот.

Се вчитува...