Димитриевски: Белингам е неверојатен, но ќе се обидеме да ги запреме и него и Реал Мадрид!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски и тоа како е мотивиран пред вечерашниот дуел на неговиот Рајо Ваљекано кој од 21 часот му гостува на Реал Мадрид во Ла Лига.

Добро е познато дека Димитриевски е секогаш најдобар против гигантите од шпанската лига, Барселона, Реал и Атлетико Мадрид, па токму и затоа погледите на навивачите на Рајо се насочени кон македонскиот голман во обидот да го запре и неверојатниот Џуд Белингем.

„Не треба да кажувам дека Реал Мадрид има фантастичен тим, но ние знаеме како да му се спротивставиме. Знаеме дека мора да бидеме перфектни во секој момент од мечот. Секогаш е предизвик да се игра против ‘кралевите’ а добро паметиме дека минатата година славевме со 3-2 против нив. Тоа ни е мотив сега, иако да бидам искрен мојата подготвка за мечот е иста како и за секој друг“ – вели Димитриевски.

Јасно е дека најмногу треба да стравува од Џуд Белингем…

„Џуд Белингем е феноменален играч, со него Реал е на едно друго ниво повторно. Но, тој не е само голгетер, туку и многу повеќе, со огромна важност за тимот. Нас ни останува да се обидеме да го запреме и него и Реал Мадрид“.

Се вчитува...