Димитриевски: Буфон е мојот идол, можеби ќе дојдам да го заменам во Парма

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, пред дуелот со Италија даде интервју за италијанските медиуми во кое кажа дека Џанлуиџи Буфон е неговиот идол, и дека би сакал да биде како него и да игра и после 40 години.

„Буфон е мојот идол како дете и сега, затоа што е вечен. Ми се допаѓа како се однесува на теренот и надвор од него, и сега за мене е бесмртен. Неговиот договор истекува исто како мојот, можеби ќе треба да дојдам и да го заменам во Парма“, рече Димитриевски.

Потоа коментираше за настапот на Европското првенство, како и за баражот против Италија.

„Фудбалот е прекрасен. Бевме на Европско првенство, кое го освои Италија, а сега играме со нив за пласман на Мундијалот. Се бориме за иста цел“, рече репрезентативната „единица“.

Се вчитува...