Димитриевски: Чиста мрежа на тежок терен, секогаш сум среќен кога ќе му помогнам на тимот

Столе Димитриевски е херојот на Рајо Валјекано во бодот против Реал Мадрид и тоа на негов терен на „Сантијаго Бернабеу“. Во првиот дел Димитриевски имаше две фантастични одбрани кога успеа да го сочува својот гол, а потоа и во вториот дел остане несовладан.

Димитриевски е првиот голман кој останува несовладан во дуелите со „кралевите“ во оваа сезона. Тој по оваа импресивна победа се огласи на социјалните мрежи.

„Чиста мрежа и еден освоен бод на тежок терен. Секогаш сум среќен кога ќе му помогнам на тимот. Напред Рајо Валјекано“, напиша Димитриевски.

Се вчитува...