Димитриевски двапати го скроти Марко Асенсио на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано имаше настап на „Сантијаго Бернабеу“ против актуелниот европски првак Реал Мадрид и се претстави во одлично издание. Иако неговиот тим загуби со 1-0, Димитриевски имаше две фантастични интервенции скротувајќи ги ударите на Марко Асенсио. Не можеше да стори ништо во 13.минута, кога Карим Бензема ја затресе мрежата.

Се вчитува...