Димитриевски е четврти најдобар голман во Европа!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски e најзаслужниот за извонредната полусезона на Рајо Ваљекано во Ла Лига.

Беспрекорните партии на македонскиот фудбал, според англиски „Сан“, го издвојуваат на 4. место меѓу најдобрите голмани оваа сезона во најсилните пет европски лиги.

Според методот на „шутеви во рамки на гол, минус примени голови“, Димитриевски е четврти најдобар голман во Европа. Пред него се единствено Давид Де Геа, Жозе Са од Вулверхемптон и Мануел Рајман од Бохум. Димитриевски, согласно пресметките, е со 5,9 спасени голови.

Се вчитува...