Димитриевски е лекот за Барселона: Каталонците ниту со Левандовски не можат против „Столе национале“ (ВИДЕО)

По минатогодишното феноменално издание против Барселона, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на најдобар можен начин ја почна новата сезона во Ла Лига со нова беспрекорна партија против големата Барса.

Димитриевски е најзаслужниот за ремито без голови на Рајо Ваљекано на гостувањето на „Камп Ноу“ на отворањето на новата сезона во шпанскиот елитен фудбал.

Барселона беше многу подобар тим од Рајо, со агресивна игра пред голот на гостите во текот на сите 90 минути, но не успеа да најде решение за Столе Димитриевски кој имаше девет успешни одбрани против Каталонците.

Ниту со Роберт Левандовски во нападот, ниту Фати, ниту Бускетс во неколку наврати не успеаја да го најдат патот до мрежата на голот на македонскиот голман. Натпреварот траеше буквално 100 минути, вклучувајќи го и судиското продолжение, но не беа доволни Барса да го реши „Столе национале“.

Сето тоа за голем бод за Рајо Ваљекано, благодарение на Македонецот, на стартот од новата сезона во Ла Лига.

Се вчитува...