„Димитриевски е машина која во Барселона ќе биде сериозна закана за Тер Штеген!“ (ВИДЕО)

Шпанските медиуми утрово брујат за веста која ексклузивно ја објави спортската емисија „Ел Чирингито“. Барселона во зимскиот преоден рок сака да го ангажира македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

„Димитриевски е сезонава најдобриот голман во Ла Лига со највисок процент на одбранети удари. Има извонредна година зад себа и во Рајо Ваљекано и во дресот на македонската репрезентација каде посебно се истакна на ЕВРО 2020“ – пренесуваат шпанските медиуми.

Дел од нив не кријат дека македонскиот голман би бил сериозна закана и за Марк Андре Тер Штеген и покрај тоа што тој секако и за во иднина е планиран за прв голман на каталонскиот тим.

„Тер Штеген би бил прв голман и понатаму, но јасно е дека Димитриевски ќе биде голема закана за него затоа што ги има сите перформанси да биде прв чувар на мрежата на Барселона“ – се ставовите на дел од шпанските медиуми.

Се вчитува...