Димитриевски фантастичен, Рајо победи без удар кон голот

Столе Димитриевски се врати на голот на Рајо Валјекано, откако не отпатува на натпревар од Купот, во кој неговиот тим се намачи, за на крај преку пенали да го совлада петолигашот. Македонскиот голман имаше две фантастични интервенции на натпреварот со Еспањол, а интересно е што Рајо победи со 1:0 практично без ниту еден удар кон голот на противникот.

Голот падна во 55. минута кога Еспањол си постигна автогол, за голем триумф на Рајо.

Столе беше еден од заслужните за оваа победа со одбраната на двата тешки удари на противникот. Рајо со оваа победа е на високото шесто место.

Се вчитува...