Димитриевски ги мина лекарските прегледи во Валенсија, потпишува договор до јуни 2028!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски својата кариера ја продолжува во редовите на еден од најдобрите шпански клубови, Валенсија.

Македонецот ќе потпише договор со Валенсија до јуни 2028 година, откако денеска ги мина и лекарските прегледи во својот нов клуб. Само часови остануваат од официјалната промоција на Димитриевски во новиот дрес.

Димитриевски во Валенсија ќе дојде на место на Грузиецот, Ѓорѓи Мармадишвили кој кариерата ќе ја продолжи во Њукасл или Атлетико Мадрид. Димитриевски кариерата ја почна во Работнички во 2010 година, а во 2012 премина во Гранада. Една сезона беше на позајмица во Кадиз, а во 2016 стана дел од Гимнастик. Дресот на Рајо Валјекано го носи од 2018 година.

Се вчитува...