Димитриевски го минува Божиќ во Барселона, Шпанците тврдат дека веќе има контакти со каталонскиот тим

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е тема број еден денеска во шпанските медиуми откако популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“ пренесе дека е трансферна цел во зимскиот преоден рок за гигантот Барселона.

Според Шпанците, Барселона е силно загреана за ангажман на 27-годишниот македонски голман кој има феноменална година во дресот на Рајо Ваљекано и македонската репрезентација.

Колку е реален трансферот ќе се види низ наредниот период, но шпанските медиуми тврдат дека контакти веќе се воспоставени меѓу двете страни. Димитриевски има долгорочен договор со Рајо до 2024 година, но од клубот немаат ништо против за ослободување на македонскиот голман доколку пристигне добра понуда.

Македонскиот репрезентативец, како што пишуваат Шпанците, паузата во Ла Лига поради католичкиот Божиќ ја минува токму во Барселона. Веќе од следната недела се враќа на обврските во Рајо Ваљекано подготвувајќи се за дуелот со Атлетико Мадрид на 2. јануари.

Се вчитува...