Димитриевски и натаму позитивен на Ковид-19: Отпадна за дуелите со Ерменија и со Грузија

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски и натаму е позитивен на коронавирусот Ковид-19, па и дефинитивно отпадна за натпреварите од стартот на новата сезона во Лигата на нации против Ерменија и против Грузија.

Во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кои за жал покажале и натаму присуство на вирусот Ковид-19. Димитриевски првично пред 14 дена беше утврдено позитивен на коронавирусот, но подоцна се приклучи на тренинзите на Рајо Ваљекано.

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски подоцна ќе информира за дополнителен повик на голманската позиција во најдобрата селекција.

Исто така, поради повреда, подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија.

Се вчитува...