Димитриевски и Рајо се први полуфиналисти во „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Рајо Валјекано е првиот финалист во шпанскиот „Копа дел реј“ откако во четвртфиналето на домашен терен славеше над Мајорка со 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 44. минута кога Трехо од пенал донесе историски успех за клубот од Мадрид.

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски го одигра првиот натпревар во 2022 година за својот тим, откако остана во главниот град на Шпанија, иако беше поврзуван со трансфер во неколку клубови меѓу кои и Барселона.

 

Се вчитува...