Димитриевски и Рајо со бод против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Рајо Валјекано одигра 1-1 на домашен терен против Реал Сосиедад, во натпревар во кој домашниот тим ја заслужи победата со оглед дека имаше многу повеќе шанси, но не ги искористи, и со тоа ќе му треба уште една победа за дефинитивно тимот на Столе Димитриевски и официјално да го обезбеди опстанокот.

Рајо со Димитриевски на голот имаше негатива во 33. минута кога Сорлот го совлада македонскиот голман, и донесе водство за Сосиедад. Сепак, Рајо во 77. преку Фалкао успеа да израмни.

Димитриевски имаше уште една добра партија, одбрани два шута, додека противничкиот голман имаше дури шест интервенции.

Се вчитува...