Tренерот на Валенсија, Карлос Корберан, се сретна со македонскиот голман Столе Димитриевски по контроверзните изјави на Димитриевски во кои тврди дека неговиот соиграч Хулен Агирезабала мора да брани поради договорот на Валенсија со Атлетик Билбао.
Корберан прво се сретна со Димитриевски поединечно, по што следеше групна дискусија со остатокот од тимот. Тренерот на Валенсија призна дека македонскиот голман им се извинил и на тренерскиот персонал и на играчите и најавил дека ќе се соочи со финансиска казна како што е предвидено во внатрешните прописи на тимот.
Димитриевски го прекршил дисциплинскиот кодекс на однесување со јавно критикување на Корберан и Агирезабала и ќе биде санкциониран. Корберан смета дека целата работа е завршена.
„Димитриевски се врати и разговаравме со него. Прво разговарав со него, а потоа и со целиот тим. Играчот се извини затоа што неговите изјави беа погрешни и неточни, бидејќи, како што веќе ви кажав, во Валенсија никој не игра под договор. Тој е свесен за ова, им се извини на екипата и на персоналот, а со тоа ќе добие и финансиска казна според внатрешните прописи на клубот. Но, со извинувањето и таа казна, го сметам прашањето Димитриевски за затворено“, изјави Корберан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

