Димитриевски има уште една причина за радост: Рајо Ваљекано се враќа во Ла Лига!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е најдобриот наш поединец по двата натпревари на Европското првенство 2020.

Столе има уште една причина за радост во очекување на утрешниот натпревар со Холандија на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам. Неговиот Рајо Ваљекано во следната сезона повторно се враќа во најсилната шпанска лига, Ла Лига.

На реванш дуелот од финалето за промоција во Ла Лига, Рајо Ваљекано вечерва славеше со 0-2 на гостувањето против Џирона, па по оној прв пораз од 2-1, со вкупни 2-3, Рајо Ваљекано е тимот кој следната сезона ќе игра во најсилниот шпански шампионат, повторно враќајќи се во Ла Лига.

За Димитриевски, по неговите одлични настапи, веќе има интерес од неколку клубови од Шпанија за негов ангажман како Валенсија и Севилја. Но, нема да биде никакво изненадување, по промоцијата во Ла Лига, и неговиот актуелен тим Рајо Ваљекано да се обиде со сите сили да го задржи во своите редови и за следната сезона.

Се вчитува...