Рајо Валекано на македонскиот голман Столе Димитриевски со бод се враќа од гостувањето кај Валенсија во 35. коло од Ла Лига.
На овој натпревар мрежите мируваа, a заслужен за тоа беше и Македонецот кој имаше одлични одбрани на славниот стадион. Една од нив беше и шансата на Канос надвор од шестнаестникот.
Stole Dimitrievski saves the long shot attempt from Sergi Canos 🧤🇲🇰pic.twitter.com/kvQe27BqEN
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) May 12, 2024
Со овој бод Рајо Валекано стигна до бројката 35 во сезоната, додека Валенсија испушти значајни бодови во битката за излез во европските натпреварувања следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА