Димитриевски: Кога ја победивме Германија, зошто да не и Италија

Македонскиот национален тим во четврток го очекува историскиот бараж натпревар со Италија, прв чекор кон пласманот на Мундијалот во Катар кј ќе се игра кон крајот на оваа година.

Голманот Столе Димитриевски, од кој може да зависат многу работи, е оптимист пред дуелот и вели дека одиме на победа во Палермо.

„За нас е најважниот натпревар на Македонија, за сите играчи. Се подготвуваме добро, мислиме на натпреварот, одиме на победа во Италија. Поседуваме квалитет, да се стигне до тука не е лесно, но покажавме дека можеме. Преку група се изборивме до плеј-оф. Кога ја победивме Германија, зошто да не ја победиме и Италија. Италија беше европски првак на ЕП на кое го игравме, тоа е добро за нас, дополнителен мотив. Најважно е ние да се подготвиме добро, да се покажеме во најдобро светло“, рече Димитриевски.

Репрезентативниот голман вели дека Италија е фаворит, но дека Македонија ќе даде максимум.

„Може ќе има неколку промени во составот, така што во Италија било кој и да игра ќе даде се од себе за да победиме“, изјави репрезентативната „единица“ на нашиот национален тим.

Се вчитува...