Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, беше на голот на Валенсија во рамките од 1/64 финалето на Купот на Шпанија, и дуелот против Маракена на гостински терен.
Македонецот не прими гол, а неговиот тим славеше со 0-5, и продолжи во следната фаза од ова натпреварување. Димитриевски по подолго време се најде на голот на Валенсија, за првпат оваа сезона, откако беше на клупата на сите натпревари од Ла Лига.
Најголемото изнеандување во оваа фаза од Купот го направи третолигашот Уренсе, кој го елиминираше членот на Ла Лига, тимот на Овиедо победувајќи го со 4-2 по продолженијата. Во следната фаза продолжуваат уште и Џирона, Кадиз и Гетафе од тимовите кои се натпреваруваат во најдобрата шпанска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

