Димитриевски: Мораме да покажеме дека мечот во Манчестер тоа не беше вистинската Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Англија во последниот меч од квалиикациите за пласман на ЕВРО 2024 година.

Голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски пред мечот со Англија вели дека мора утре да покажат дека на мечот со Англија тоа не беше вистинската Македонија.

„Мечот на „Олд трафорд“ беше многу тежок за нас. Со нашите квалитети не е реален резултатот, но тоа може да му се случи на било кој. Имаме нов меч, ново докажување и нова шанса дека на тој меч не бевме вистинските. Верувам дека ќе покажеме многу подобра игра и ќе се покажеме во подобро светло. Се надевам дека ќе биде тензичен и интересен меч“, вели Димитриевски. 

Околу големиот број на примени голови во овие квалификации, Димитриевски вели дека лошо се чувствува поради тоа.

„Се чувствувам навистина лошо поради тоа. Но, ние сме репрезентација која има многу нови играчи. Точно е дека треба време да се запознаеме повеќе. Треба да работиме многу подобро цел тим, не само јас или одбраната туку целиот тим. За офанзива имаме феноменални фудбалери кои може да импровизираат многу, но во дефанзива мораме да бидеме посконцентрирани, бидејќи некогаш примаме многу лесни голови. Ќе се подготвуваме многу во следниот период во кој ќе се обидеме да создадеме добар тим за освојување на првото место во Лигата на нации“, завршува Димитриевски. 

 

Се вчитува...