Димитриевски: Не чека атрактивен дуел со Германија, но нашиот фокус мора да биде Лихтенштајн!

Првиот голман на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски во пресрет на собирот на А селекцијата за октомвриските натпревари против Лихтенштајн (8. октомври, Вадуц) и Германија (11. октомври, Скопје), изјави дека Македонија ја чека атрактивен дуел со Германија, но нашиот фокус мора да биде Лихтенштајн.

Столе истакна дека шансите за позитивен резултат се големи, но потенцираше дека во голема мера крајниот исход ќе зависи од играта на македонските фудбалери.

„Мислам дека првиот натпревар против Лихтенштајн е најважниот за нас. Фаворити сме, треба да го добиеме тој меч, но ќе биде многу тешко затоа што Лихтенштајн е добра репрезентација. Видовме дека против Ерменија одиграа одличен натпревар и остварија позитивен резултат, 1-1 на гостински терен. Квалитетно се спротиставија и на Германија. Фаворитот во нашата група ја осигура победата во последните 20-на минути. Треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90. минути за да дојдеме до победа. Мораме да одиграме сериозен натпревар, да бидеме цврсти на сите делови од теренот и секако внимателни во дефанзивниот ред за да останеме без примен гол. Се разбира и да реализираме некоја од шансите за погодок што мислам дека секако ќе ги направиме“, потенцираше Димитриевски.

Се вчитува...