Димитриевски: Не го сакам ВАР

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, викендов има обврски со Рајо Ваљекано во шпанската Ла Лига, по што доаѓа во Македонија на собирот на националниот тим за натпреварите со Ерменија и со Исланд во рамките од квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Димитриевски во интервју за „МЕГА“ зборуваше за разни теми. Една од нив беше ВАР технологијата, а Димитриевски напомена дека не му се допаѓа многу.

„Не ми се допаѓа многу ВАР“, раскажува Димитриевски и објаснува:

„Не го сакам затоа што и тој понекогаш греши, иако во голем дел од случаите носи добри одлуки. Но, сето тоа е многу бавно, многу долго време треба да се донесат одлуки“, рече Димитриевски.

Голманот зборуваше и за неговата кариера, за која вели дека многу му помогнало семејството, кое отсекогаш верувало во него.

Се вчитува...