Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, четирипати ја вадеше топката од сопствената мрежа во дуелот на неговата Валенсија против Барселона во рамки на четвртото коло во Ла Лига.
Со триумфот од 0:5, Барселона е единствена екипа во Ла Лига која има максимален учинок, четири победи во четири кола, додека Валенсија и Димитриевски се наоѓаат на последното место на табелата со само еден освоен бод.
Дилемите околу победникот беа решени по само 22 минути игра кога играчите на Барселона веќе двапати го матираа Димитриевски.
Резултатот го отвори Ламин Јамал уште во шестата минута. Голот на Јамал може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Во 22-та минута Фермин Лопез зголеми на 0:2. Голот може да го видите ТУКА.
На стартот од вториот дел, третиот гол за Барселона го постигна Рафиња во 50-та минута. На 0:4 зголеми Педри во 79-та минута. Гол серијата ја затвори играчот кој и ја отвори Ламин Јамал во 84-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
