Димитриевски одбрани пенал, овозможувајќи победа за Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски забележа одличен настап за Рајо Ваљекано издвојувајќи се како еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Фуанлабрада од 2-0.

Рајо дојде до триумфот со головите на Мартин и Антоњин во 71. и во 82. минута, но претходно Димитриевски беше тој кој го одржуваше неговиот тим во живот со неколку извонредни одбрани меѓу кои и пеналот во 26.минута од средбата. На извонреден начин го прочита шутот на Ибан Салвадор од 11 метри.

 

Се вчитува...