Димитриевски: Посебен меч за мене бидејќи дебито за Македонија го имав токму против Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Анталија ќе го одигра и вториот пријателски натпревар овојпат против репрезентацијата на Црна Гора.

По ремито со Молдавија (1-1) голманот Столе Димитриевски вели дека овој меч ќе биде посебен за него…

„Црна Гора е подобра репрезентација од Молдавија. За мене е поспецијален меч бидејќи моето деби беше во победата над Црна Гора од 3-1 во Скопје. Мислам дека концентрацијата во финишот на мечот мора да ни биде на повисоко ниво, бидејќи често примаме голови во последните 15/20 минути. Мора да бидеме посконцентрирани и пофокусирани за да стигнеме до победа. Имаме шанси за гол, но треба да ги реализираме. Се разбира важно е јас и мојата одбрана да имаме чиста мрежа. Голот со Молдавија кој го примив беше фантастичен и можам да кажам дека таков убав гол немам примено можеби добри пет или шест години“, вели Димитриевски. 

Натпреварот кој ќе се игра утре е со почеток во 18 часот.

Се вчитува...