Димитриевски пред останување во Рајо Валјекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, е блиску до останување во таборот на Рајо Валјекано и идната сезона. Димитриевски се појави на вчерашната прозивка на екипата, на која присуствуваше и новото засилување, искусниот 40-годишен Диего Лопез.

Се чини дека Лопез е донесен како резервна варијанта и да ја зголеми конкуренцијата, а дека Димитриевски ќе биде и натаму број 1 кога станува збор за позицијата меѓу диреците.

Спортскиот директор на Рајо, Давид Кобено во изјава за шпанските медиуми најави дека нема повеќе екипата да ангажира голмани, откако се појави информација дека ќе биде донесен хрватскиот чувар на мрежата Иво Грбиќ.

„Не, нема повеќе да купуваме голмани. Таму завршивме“, изјавил Кобено. 

Со ова се најавува дека Димитриевски ќе остане во Рајо. Најголеми шанси за заминување, македонскиот голман имаше зимоска. Тогаш беше поврзуван со трансфер во Барселона, па откако тоа пропадна, требаше да замине во Саудиска Арабија, но тогаш Рајо не се согласи за трансфер.

Се вчитува...