Димитриевски пред пресметката со Атлетико: Играчи како Гризман и Жоао Феликс само ме мотивираат за „чиста мрежа“

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски вечерва од 21 часот со неговиот Рајо Ваљекано го очекува нова мега-пресметка во Ла Лига, овој пат против Атлетико Мадрид. Сето тоа пред доаѓањето во Скопје на репрезентативниот собир како најава за она што го очекува во четврток во Палермо во баражот за СП 2022 против Италија.

По одличната партија на претходниот натпревар против Севилја, Димитриевски сега повторно е во фокусот на вниманието во шпанските медиуми, како една од надежите на Рајо да се остане непоразен и против големиот фаворит.

„Воопшто не стравувам од одличните напаѓачи на противникот. Играчи како Гризман и Жоао Феликс само дополително ме мотивираат за ‘чиста мрежа’. Секако дека станува збор за феноменални фудбалери, и секако посебен впечаток носите кога настапувате против такви играчи, но затоа, пак, и мотивот е посилен да останете несовладани“ – вели Димитриевски пред денешниот дуел.

Македонскиот голман, на задоволство и на селекторот Благоја Милевски, откако изминатите два месеци имаше само четири настапи сега се враќа во формата по која Европа го препознаваше од есенскиот дел на Ла Лига.

Се вчитува...