Столе Димитриевски ги израдува навивачите на Рајо Валјекано со изјавата дека сака да остане во овој клуб и по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.
Договорот што Столе го има со Рајо истекува на 30 јуни, сериозен интерес за неговите услуги покажаа неколку шпански прволигаши (Валенсија, Севилја, Вилјареал…), но Димитриевски приоритет им дава на преговорите за продолжување на соработката со својот сегашен клуб.
„Јас отсекогаш сум велел дека сакам да останам уште многу годинии да ја завршам кариерата во Рајо, тоа не е променето. Разговараме со управата и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за да продолжам да ја чувам мрежата на Рајо Валјекано. Знам дека имаше многу шпекулации за договори со други клубови, но тоа не е вистина, мој приоритет е да продолжам со мојот сегашен клуб. Колкави се шансите? Па би рекол дека има 90% шанса дека ќе потпишам нов договор. Сепак. ќе треба да го прашате и претседателот на клубот бидејќи во сите преговори постојат две страни кои треба да најдат заеднички јазик“, изјави Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА