Димитриевски се враќа на голот на Рајо по целата „зимска трансфер сага“

Рајо Валјекано вечерва ќе ја пречека Мајорка во натпревар од четвртфиналето во шпанскиот „Копа дел реј“. На голот на тимот од главниот град на Шпанија се враќа македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски по целата „сага“ со неговото заминување.

Репрезентативниот голман беше поврзуван со неколку тимови меѓу кои и гигантот Барселона, а голема беше шансата да се пресели и во првенството на Саудиска Арабија. Сепак, ниту еден трансфер на крајот не се оствари, а тој остана во Рајо и вечерва ќе го има првиот старт за тимот во новата година.

 

 

Се вчитува...