Димитриевски: Словенија ни е директен ривал, сакаме победа

Ако сакаме да сториме нешто повеќе и да се надеваме на пласман на ЕП 2020 преку групата, треба да ја победиме Словенија. Тоа е еден од нашите директни ривали кој се надева на пласман на континенталниот собир, вели голманот на националниот тим, Столе Димитриевски.

„Сакаме победа против Словенија. Тие ни се еден од директните ривали за позициите кои можат да не одведат на ЕП 2020. Подготвени сме за предизвикот, треба да го дадеме максимумот и да се обидеме да оствариме триумф. Имаме шанси и надежи исто како и останатите селекции и веруваме во нашиот квалитет. Потребна ни е поддршка од публиката и се надеваме дека можеме да освоиме три бода против Словенците. Потоа ќе размислуваме за Полска“, изјави голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот национален тим вечерва го одржа првиот тренинг во пресрет на претстојниот мини – циклус од два квалификациски меча, против Словенија в четврток во Скопје и три дена подоцна против Полска во Варшава.

Се вчитува...