Димитриевски: Цел живот би останал во Рајо Валјекано

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија Столе Димитриевски во интервју за шпанските медиуми говореше за Рајо Валјекано и неговите планови за иднината.

Македонецот кој е еден од најдобрите голмани сезонава во Ла лига вели дека доколку би се прашувал тој, цел живот би сакал да остане во Рајо Валјекано.

„Јас им кажав во клубот дека сакам да останам. Ако треба да потпишам договор до 2029 година – ќе потпишам! Ако треба да потпишам договор до почеток на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот – ќе потпишам. Јас сум многу благодарен на овој клуб, тука се чувствувам прекрасно. Тука ме ценат, ми дадоа шанса и јас се обидувам секогаш да до дадам најдоброто од себе за клубот. Многу сум благодарен и среќен. Ние имаме договор, но јас не сакам да ги притискам. Зашто да не завршам тука? Тоа ми е идеата. Ако треба да останам уште 10 години да ги ‘мачам’, ќе ми биде задоволство“, вели Димитриевски.

Се вчитува...