Димитриевски во тимот на колото од европските ТОП 5 првенства!

Голема чест за Столе Димитриевски. Добрите одбрани против Барселона, со кои му донесе победа на Рајо на гостувањето во „Ноу Камп“, останаа забележани и за многу познати европски сајтови.

Така „365 scores“, го смести Димитриевски во тимот на колото, сочинет од фудбалери во најдобрите 5 првенства во Европа. Димитриевски и неговиот соиграч Катена, се најдоа во идеалниот тим. Тука се уште и Жесус од Сити, Робертсон од Ливерпул, Чалханоглу од Интер.

На натпреварот со Барселона, Димитриевски имаше пет успешни интервенции, и уште еднаш се покажа како човек на одлука против „Каталонците“. За потсетување дека на првиот меѓусебен меч сезонава, Димитриевски одбрани пенал, и тогаш Рајо победи со 1-0.

Се вчитува...