Димитриевски: Зошто да не ја победиме Англија

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе и гостува на Англија во третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски пред мечот со Англија вели дека доколку останат фокусирани 90 минути може да дојдат до поволен резултат со Англија, зошто да не и победа.

„Треба да се фокусираме на натпреварот против Англија и да го дадеме нашиот максимум. Ако го дадеме нашиот максимум и го задржиме фокусот мислам дека можеме да извадиме поволен резултат, зошто да не и победа. Oчигледен е заморот на крај на сезона. Имаме топ екипа и мислам дека можеме да одговориме на ова ниво. Само да бидеме сконцентрирани и да бидеме фокусирани до крајот на мечот. Шеесет минути одигравме перфектно со Украина, но фудбалот се игра 90 минути. Имавме самокритика бидејќи не останавме на ниво сите деведесет минути и тоа беше клучот за поразот“, изјави Димитриевски. 

Натпреварот кој се игра на „Олд трафорд“ е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...