Димитријевиќ асистира „без гледање“ (видео)

Ненад Димитријевиќ повреден настапува за Хувентуд на гостувањето во Турција против Тофаш, но тоа не му пречеше на македонскиот плејмејкер да го има најубавиот потег во првата четвртина.

Тој тргна во продор, а потоа фантастично, „без гледање“ го проигра Омиќ, кој немаше проблеми под самиот кош да ја смести топката низ обрачот. Димитријевиќ одигра одлична четвртина, постигнувајќи седум поени без ниту едно промашување.

Се вчитува...