Димитријевиќ без грешка, убедлива победа за Хувентуд

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше 100% ефект во убедливата победа на Хувентуд против Сан Пабло Бургос од 65-87 во 17. коло од АЦБ лигата.

Димитријевиќ имаше мала минутажа, минувајќи само десет минути на паркетот, но сето тоа заокружувајќи со 6 поени, притоа со два од два во шутот за два  поени и две од две погодени слободни фрлања. Македонецот имаше и плус две асистенции и еден скок.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лапривотола со 18 поени, а кај домашните се издвои Хускиќ со 15 постинати поени.

Хувентуд ја запиша десеттата победа во АЦБ лигата за делба на седмата позиција на табелата.

 

Се вчитува...