Ненад Димитријевиќ е избран за најдобар македонски кошаркар за 2019 година. Иако не беше присутен поради обврските во Хувентуд, тој преку видео порака се заблагодари за наградата, најавувајќи го своето враќање во репрезентативниот дрес.
„Благодарам за наградата чест е да се биде наследник на браќата Стојановски. Се гледаме во февруари“, накратко изјави Димитријевиќ по добивањето на наградата.
Ненад Димитријевиќ сезонава прикажува одлични партии во шпанскиот клуб, а пред некој ден ги освои срцата на светската јавност со НБА потегот кој го направи на дуелот против големата Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА