Баерн Минхен е на чекор до финалето во Бундес-лигата откако тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ поведе со 2-0 во полуфиналната серија со Телеком Бон. За разлика од првиот дуел што беше израмнет, а Бон пропушти шанса за изненадување, овојпат Димитријевиќ и соиграчите не дозволија такво нешто, Баерн доминираше од почеток до крај и триумфираше со убедливи 91-69.
Победникот практично беше решен за едно полувреме, баварскиот гигант ги одигра импресивно првите 20 минути постигнувајќи двојно повеќе поени од противникот (50-25). Избраниците на Пешиќ заигра нешто помалку агресивно во одбраната, Бон го искористи тоа за да ја намали негативата, но гостите во ниту еден момент не се приближија посериозно, па Баерн во финишот повторно се одлепи на конечните плус 21.
Убедливата предност придонесе и Пешиќ повторно да го изротира тимот повеќе од вообичаено, но Димитријеви повторно беше меѓу најдобрите. Македоснкиот плејмејкер мина на теренот 21 минута, период во кој реализираше 13 поени, 6 асистенции и 2 скокови.
За одбележување е дека баварците на овој дуел настапија без Анди Обст, но и во отсуство на германскиот ас лесно се справија со гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
