Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен доживеаја брејк откако Алба славеше со 79-86 и израмни на 1-1 во финалната серија од германската Бундеслига.
По поразот во воведниот дуел, кошаркарите на Алба Берлин покажаа карактер и одиграа одличен натпревар. Нашиот плејмејкер беше незапирлив на теренот и за само 20 минути игра постигна 17 поени, надополнети со две асистенции и еден скок, со што го понесе епитетот најдобар играч на натпреварот. Сепак, тоа не беше доволно за победа на неговиот тим, па сега ќе мора да направат брејк на еден од двата меча кои ќе се играат во Берлин.
Финалната серија сега се сели во главниот град на Германија. Третиот натпревар помеѓу овие два тима ќе се одигра на 17 јули во Берлин, каде домаќините ќе ја бараат предноста пред своите гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
