Димитријевиќ го предводеше Уникс до нова победа во ВТБ лигата

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во ВТБ лигата предводејќи го својот Уникс Казањ до победа на гостувањето кај Астана од 75-97.

Македонецот натпреварот го заврши како најдобар стрелец воопшто реализирајќи 24 поени при реализација 8/11 во обидите за два поени, еден од еден во обидите за три и пет од пет во обидите за еден поен. Згора на тоа додаде и 7 скокови и 7 асистенции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

Се вчитува...