Димитријевиќ го предводеше Уникс до убедлив триумф

Уникс Казањ ги надмина проблемите со резултатската криза по двата порази во претходните три рунди од ВТБ-лигата, па тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ вечерва лесно и убедливо славеше над Нижњи со убедливи 91-61. Избраниците на Перасовиќ одиграа фанатична одбрана во првото полувреме, во кое на гостите за 20 минути им беше дозволно да постигнат само 16 поени, седум во првата и девет во втората четвртина.

На спротивната страна, нападите организирани од Димитријевиќ лесно завршуваа со реализација, па тимот на Уникс на полувреме замина со огромна предност од 47-16. Очекувано, темпото во одбраната опадна откако триумфот беше осигуран, а Уникс рутински го контролираше резултатот до самиот крај, славејќи со конечни „плус 30“.

Димитријевиќ беше меѓу најдобрите на теренот постигнувајќи 16 поени со шут од поле 7/10 (2/3 за тројка, 5/7 за два поени), надополнети со пет асистенции, три скока и три украдени топки.

Се вчитува...