Димитријевиќ и Баерн Минхен поведоа со 1-0 во финалната серија против Алба

Најдобриот македонски кошаркар на денешницата Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен поведоа со 1-0 во финалната серија во германската Бундеслига откако вечерва на домашен терен славеа против Алба Берлин со 102-94.

Натпреварот помина во израмнета игра на двете страни во која само подобриот финишт на домаќинот беше доволен за победа од 102-94 и водство во финалната серија од 1-0.

Димитријевиќ имаше скромна партија завршувајќи го мечот со само четири поени и два скока. Најефикасен кај победникот беше неверојатниот Енди Обст кој заврши со 31 поен.

 

Се вчитува...