Димитријевиќ и Хувентуд броеја до 101 против Цедевита Олимпија

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го задржаа стопроцентниот ефект на домашен теренн во Еврокупот откако вечерва славеа со убедливи 101-81 над Цедевита Олимпија.

Словенечкиот тим пред неколку дена го совлада Партизан во АБА-лигата, но немаше сила да го повтори тоа одлично издание. Хувентуд клучната предност ја создаде во првото полувреме што шпанскиот прволигаш го доби со 61-41, по што Димитријевиќ и соиграчите рутински ја одржаа позитивата до самиот крај.

Македонскиот плејмејкер повторно одигра добар меч, на теренот мина 21 минута реализирајќи 12 поени, четири асистенции и два скока.

Хувентуд по денешната победа има скор 3-2 по првиот круг од натпреварувањето и се наоѓа многу блиску до осигурување место во Топ 16 фазата од Еврокупот.

Се вчитува...