Димитријевиќ и Хувентуд конечно победија, Тодоров гледаше од трибини

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд конечно ја прекинаа серијата од четири порази во АЦБ-лигата, откако попладнево триумфирашаа на дуелот со Мурсија со резултат 104-93. На трибините од арената во Бадалона се најде и новиот селектор на македонската репрезентација, Александар Тодоров, кој во живо го следеше настапот на плејмејкерот за кого не крие дека сака да биде нов предводник на националниот тим.

Тимот од Бадалона се најде во мини-криза по пеколното темпо од натпревари во домашното првенство и во Еврокупот, но Хувентуд одигра одличен натпревар денеска и заслужено стигна до победата. Димитријевиќ одигра 18 минути, период во кој реализираше скромни пет поени, еден скок и една асистенција. Најзаслужни за триумфот на Хувентуд беа Препелич со 31 и Омиќ со 27 постигнати поени.

Тимот од Бадалона без оглед на денешната победа, тешко дека ќе успее да обезбеди влез во завршниот турнир од Копа дел реј за кој се пласираат Топ 8 екипите од АЦБ-лигата.

Се вчитува...