Димитријевиќ и Хувентуд остануваат перфектни во Еврокупот

Екипата на Хувентуд, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, продолжи со одличните настапи во Еврокупот откако во четвртото коло стигна и до четвртата победа, на домашен терен против Венеција со 92-78.

Гостите од Италија одлично парираа, имаа и предност во голем дел од првото полувреме, но шпанскиот состав заигра далеку подобро во вторите 20 минути, почна да доминира на теренот и заслужено стигна до победата.

Димитријевиќ одигра уште еден добар натпревар реализирајќи 14 поени, исто колку и Анте Томиќ. Хувентуд останува на чело на табелата во својата група како единствен тим со максимален ефект.

Се вчитува...