Димитријевиќ и Хувентуд запрени од Манреса

Серијата од три победи на Хувентуд во Ендеса-лигата беше прекината вечерва откако тимот на Ненад Димитријевиќ претрпе пораз на гостувањето против Манреса со резултат 85-80.

Тимот од Бадалона не се снајде најдобро во одбраната (прими 49 поени во второто полувреме), им дозволи на домаќините да ја минат границата од 80 постигнати поени, а во голем дел од последната четвртина потфрли и нападот на Хувентуд, што беше главна причина за поразот.

Македонскиот плејмејкер одигра 19 минути, период во кој реализираше седум скока и две асистенции, но имаше и три загубени топки.

Се вчитува...